Министерот за внатрешни работи на Турција, Муамер Ѓулер, чиј син е притворен во рамките на истрагата за корупција и мито, ја очекува одлуката на премиерот Реџеп Тајип Ердоган за можна ревизија на кабинетот. Министерот истакнал дека и доколку не биде спроведена ревизија, тој сепак е подготвен да поднесе оставка, пренесуваат локалните медиум.
„Уште на првиот ден од настанот, на 17 декември, му кажав на примерот Ердоган во врска со мојата ситуација, дека сум подготвен на се’, по секое прашање. Имено да не молам и да не барам прошка, за да не ме отпушти ако треба да ме отпушти, ако е потребно дури ќе поднесам и оставка. Посочив дека го разбирам и се однесувам со потребната чувствителност по прашањето“, посочи министерот за внатрешни работи на Турција.