Министерот за здравство вели дека во САД нема раст на бројот на заразените каде што се ублажени мерките

Засега не е забележан поголем раст на бројот нови случаи на зараза со коронавирусот во регионите кои ги укинуваат рестриктивните мерки, но е забележан во некои области каде мерките останале на сила, изјави во неделата американскиот министер за здравство Алекс Азар.

„Во местата кои се отвораат не гледам голем раст на случаите (на зараза). Сѐ уште гледаме голем раст во некои подрачја коишто, всушност, речиси па изразено се затворени“, изјави Азар во емисијата „State of the Union“ на телевизијата CNN.

Американскиот министер за здравство, исто така, истакна дека одлуките за укинување на рестрикциите треба да се однесуваат на пониските инстанци, а не на сојузната влада.

„Тоа се многу локализирани одлуки. Не постои единствено решение кога станува збор за отворањето, но мораме повторно да се отвориме бидејќи тука не се работи за здравјето наспроти економија“, рече Азар и предупреди дека ќе се случат сериозни последици за здравјето, доколку не се случи социјалното и економското отворање.

Запрашан за собирањето на луѓето близу баровите и воопшто за собирањето на граѓаните во одредени делови на САД, Азар одоговори дека тоа е цена на слободата.

„Мислам дека во секои поединечен случај ќе видите луѓе кои прават нешта кои се неодговорни. Тоа е дел од слободата којашто ја имаме тука во Америка“, коментираше Азар за CNN.