Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов на денешната анкетна комисија за скандалот во Онкологија се осврна на недоследностите во тендерите на клиниката и потсети дека министерот морал и веројатно знаел за сите постапки затоа што тоа и законски му е обврска, па запраша кого санкционирал министерот.
Ефтимов нагласи дека врз основа на извештајот од Државниот завод за ревизија се констатирани низа недоследности при спроведување на јавните набавки во клиниката за Онкологија и радиотерапија.
– Тргнувајќи од законските обврски на министерот, заменикот, ФЗОМ и раководните структури на клиниката сите се обврзани да ја знаат состојбата. Ова значи дека министерот морал да ги знае сите недоследности од прва рака, рече тој.
Ефтимов прашува дали министерот си земал за ексклузивно право да самиот одлучува и биде во тек со јавните набавки не ги санкционирал тие кои не ги спровеле согласно закон бидејќи според законот имал право и обврска да ги знае постапките и дали има постапка за нечие разрешување.