Во спомен на загинатите бранители во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова денеска положија венци со свежо цвеќе пред спомен-обележјата на загинатите бранители во село Волково, село Љубанци и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“.
Претходно делегација од Генералштабот на Армијата положи цвеќе пред спомен обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров
Во чест на загинатите бранители на спомен обележјата свежо свеќе положија и членови на нивните семејства и делегации од кабинетот на претседателката и врховен командант на Армијата, од Владата, од Општините Ѓорче Петров и Бутел, граѓански здруженија и организации и претставници на политички партии.
На денешен ден, пред 22 години, на патот кај месноста Љуботенски бачила животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.