Бисера Костадиновска Стојчевска направи целосен хаос со годишната програма во културата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Преку членовите на комисиите кои се уште се непознати во јавноста, а се потпишале на скандалозната програма, Костадиновска Стојчевска доделиле десетици илјади евра на тотални анонимуси. Па, така, средства ќе добијат анонимни лица и фирми блиски до Костадиновска Стојчевска и власта, а на сметка на тоа видно намалена им е финансиската поддршка на реномирани манифестации кои имаат децениска традиција, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Пари од министерството ќе добие здружението за култура, уметност, спорт и рекреација АРТАЛ од Тетово за Меѓународен фестивал „Меридианс“, (6- та едиција) односно од 300.000 денари во 2023 година, годинава за реализација на 7-та едиција му се одобрени финансиски средства пет пати повеќе, односно 1.400.000 денари, за разлика од манифестацијата Рацинови средби која што е втора најголема книжевно поетска манифестација која што има традиција 60 години од 600.000 денари од 2017та година па наваму е падната на мизерни 86.000 денари поддршка од министерството.
Дополнително скандалозно е што додека министерството за култура дава смешни 500.000 денари за театарска претстава во најголемата македонска национална установа, истовремено доделува 900.000 денари за шкртаниците од времето на Шарената револуција. Министерството за култура бришењето на шкртаниците од Шарената револуција, го оценуваат како проект и дава 900.000 денари на човек фирма.
Ова покажува дека критериумите за распределба на проекти и средства наместо стручни, се чисто политички.
Јавно ја прашуваме Костадиновска Стојчевска зошто одредени манифестации и лица се фаворизирани, на сметка на другите кои се очигледно оштетени?
Не постои сектор кој владата на СДС и ДУИ не го уништи. Со СДС и ДУИ во македонската култура никогаш не било полошо. Важно е владата на СДС и ДУИ да замине час поскоро. Македонија мора да се менува, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.