Министерството за култура во најскоро време ќе пристапи кон консултации за именување на нов член на Управниот одбор на Н.У Македонски народен театар, откако досегашниот претседател на УО, режисерот Александар Поповски поднесе оставка.
Министерството му благодари на истакнатиот режисер, Александар Поповски, кој изминатата година, со својот авторитет и работа на функцијата претседател на УО вложи напори за унапредување на работата на МНТ, а се заложи и за обезбедување квалитет на драмскиот дел од програмата на Охридско лето, како нејзин селектор. Министерството ќе ја продолжи соработката со Поповски, а ќе води грижа и натаму да ги ангажира авторитетите во културата, истакнатите уметници и дејци, со цел за подобрување на состојбите во оваа област. Министерството веќе постапува по укажувањата за неправилности од страна на МНТ и ќе ги земе во предвид и денешните укажувања на г. Поповски, велат од Министерстото за култура.