![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/rangiranje-transparentnost-MO.jpg?resize=696%2C352&ssl=1)
Министерството за одбрана по четврти пат е на врвот на листата на најтранспарентни институции во Македонија.
На врвот на листата е со 100-процентна исполнетост на критериумите согласно Индексот на активна транспарентност.
-Високата транспарентност е најдобар начин за справување со дезинформациите. Градиме силен и отпорен систем во кој вистината е пред сѐ и над сѐ. Продолжуваме посветено да работиме во служба на граѓаните, велат од Министерството за одбрана.