Денеска ја отворив научно-стручната трибина посветена на функционалноста на одбранбено – заштитниот систем организирана од Клубот на генерали. Трибината се одржува во време кога одбраната и Армијата се менуваат и модернизираат според највисоките НАТО стандарди. Министерството за одбрана е подготвено да даде целосна поддршка во реформата на одбранбено – заштитниот систем со една цел, безбедни и сигурни граѓани, објави на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.