Вистински скандал се случува овие денови во Министерството за одбрана каде надлежните во време на пандемија и криза во земјава набавиле три возила за вртоглава сума на пари.
Станува збор за три возила, две од марката „хјундаи туксон премиум“ и едно од марката „форд мондео тренд“.
Трите возила се во висина од 90 илјади евра, или некаде околу 55 илјади евра биле дадени за „хјундаи туксон“, и околу 20 илјади евра за „форд мондеото“.
Договорот помеѓу Министерството за одбрана и една автомобилска компанија од земјава бил склучен на 7 септември со рок на плаќање во време траење од 30 дена на целата сума.
Инаку ова не е прво скандалозно однесување на Шекеринска, претходно објавивме за нов скандал во Министерство за обрана: Шеќеринска незаконски подели чинови на штотуку примени војници.
„Беззаконието и партизацијата во Министерството за одбрана продолжува. На 11 Септември Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска им подели договори за вработување на 70 новопримени војници и веднаш ги унапреди во чин разводник“, стои во Фејсбук статусот на Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој тврди дека станува збор за незаконски унапредувања затоа што за да војник биде унапреден во чин разводник мора да помине минимум една година на служба во АРМ.
-Ова не е прв случај Шеќеринска да се замеша во струката која не ја разбира и да дели чинови како што тоа на времето го правеше Љубе Бошковски во МВР. Приемот на војниците од страна на Шеќеринска е врз основа на распишан оглас непосредно пред изборите, пишува Сајкоски.
Тој прашува зошто на овие незаконски унапредувања на војниците кои немаат поминато ни основна војничка обука нема реакција од командантот во чиј состав се војниците, како и од Генералштабот за заштита на професијата од страна на партиското самоволие на Шеќеринска.