Министерството за одбрана стана туристичка агенција „Шеќеринска“

Туристичката агенција „Шеќеринска“ во состав на Министерство за одбрана работи со полна пареа, велат на шега вработени во МО, во писмо испратено до НетПрес, незадоволни поради партиски привилегии кои ги добиваат нивни колеги, а на сметка на државата.

„Условите за патување се доста прифатливи. Треба да имате важечка патна исправа и да сте лојален подржувач на министерката, секако еден од одбраните. Такви во министерството има неколку.

Еден од нив е полковникот Марио Јуришиќ, инаку помошник раководител на Секторот за човечки ресурси и познат во Министерството и Армијата како неуморен патувач. Полковникот Јуришиќ во изминатиот период е на интензивна турнеја со пристојни дестинации како Париз, Лондон, Атина, Калифорнија… сево ова видливо од неговиот „фејсбук“ профил.

Не е тешко да се заклучи дека истиот повеќе време поминува во службени патувања, отколку на работа.

Инаку полковнкот Јуришиќ важи за еден од главните соработници во поглед на кроењето на кадровската политика на Министерството, па и Армијата.

За ова сведочи и фактот дека на раководителот на секторот за човечки ресурси му се одземени овластувањата, раководителот по овластување е маргинализиран, а главниот збор го води гореспоменатиот господин Јуришиќ. Така, истиот е еден од неколкуте кои треба да ја спроведат најавената трансформација на Министерството и Армијата, после која меѓу 200 и 300 луѓе ќе останат без работа или ќе бидат предвремено пензионирани.

За возврат Јуришиќ очекува да биде награден со поставување на местото Воено аташе на Република Македонија во Париз, Франција.

Дојде живот во Министерството за одбрана за патувачите, сонувачите, реваншистите, неизвозените со хеликоптер шарени револуционери…“, се вели во писмото испратено до нашата редакција.