Министерството за правда го објави списокот од 10 експерти кои ќе работат на уставните измени

Министерството за правда информира дека е избран составот на работната група која ќе работи на уставни измени. Според списокот, ќе учествуваат следниве експерти:
Сали Мурати-поранешен претседател на Уставен суд; Маргарита Цаца Николовска- поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур; Бајрам Положани-поранешен уставен судија и професор по уставно право; Бранко Наумовски-поранешен претседател на Уставен суд; Јетон Шасивари- професор на Универзитетот на ЈИЕ;
Ана Чупеска-професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први”; Елена Михајлова Стратилати-професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први”; Беса Арифи-Професор на Универзитетот на ЈИЕ; Јагода Митревска-Професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска-професор на Институт за национална историја.
-Списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени. Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови, соопштуваат од Министерството за правда.