Министерството за правда реагираше на соопштението на Уставниот суд во кое се вели дека „министерот Кренар Лога не побарал да се поставу понатаму за издавање на изводите во која било форма“ и дека „министерот не треба да ги става во заблуда граѓаните“ со својата вчерашна изјава на ТВ Сител.
Министерството реагираше:
„Почитувани, министерот Лога не може да ја сфати нервозата и вокабуларот искористен во реакцијата на почитуваниот Уставен суд. На новинарско прашање одговори дека УВМК има побарано мислење и од Уставен суд и од други институции, како и од делот на експертите.
Како што е пренесено до министерот, со Уставен суд комуникацијата е реализирана на неформален начин (заради тоа што до вчера актот на Уставен суд не беше објавен во Службен весник) и токму поради ова, добро е Уставниот суд да не брза со квалификации ,туку да ги прашува своите колеги.
Од друга страна, со цел да се почитува законот и Уставот, директорот од УВМК има побарено писмено мислење од Министерството за правда и Секретаријатот за законодавство.
Длабоко веруваме дека нашите 10+10 иницијативи не се причина за нервозата изразена кон нас. На почитуваниот Уставен суд му посакуваме успеси во нивна понатамошна работа“, се вели во соопштението на Министерството за правда.