Министерството за правда на САД во вторникот поднесе антимонополска тужба против Гугл тврдејќи дека технолошкиот гигант ја злоупотребил својата доминација при пребарување на Интернет и рекламирање со цел да ја задуши конкуренцијата и со тоа да им наштети на потрошувачите.
Тужбата, според АП, претставува најзначаен потег на владата за заштита на конкуренцијата од тужбата против Мајкрософт, пред повеќе од 20 години.
Ваквиот чекор го отвора патот за други големи владини потези против монополот, со оглед на тековните истраги спроведени од Министерството за правда и Федералната комисија за трговија (ФТЦ) против најголемите технолошки компании, вклучувајќи ги Епл, Амазон и Фејсбук, пренесува Гласот на Америка