
Дури 8,5 милиони евра треба да исплати Министерството за здравство поради раскинување на договорот за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, тврди ТВ Сител, повикувајќи се на извори во Министерството за здравство.
Според телевизијата, во ова министерство стигнале две писма од италијанската компанија кој го доби тендерот за изградба на Клиничкиот центар. Правниот тим на министерството сега бара начини како да ги избегне заостанатите камати, со кои сумата ќе биде уште поголема.
Во мај 2017 година тогашниот министер за здравство Никола Тодоров соопшти дека ножвиот Клинички центар во Скопје во вредност од 72 милиони евра ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании „Гранит“ и „Бетон“, во соработка со италијанска компанија „Инсо системи“. Подоцна овој договор го раскина неговиот наследник Венко Филипче.
Филипче неколку пати негираше дека за раскинувањето на овој договор ќе треба да се плаќаат пенали.
– Нема никаква исплата, нема никакви пенали. Во неколку ситуации разговаравме за кредитот кој беше доделен од Централната европска банка и не беше повлечен. Разговаравме и со изведувачот во три наврати и досега не побарал исплата. Договорот е раскинат за една точка од договорот и тоа му е кажано на изведувачот – рече Филипче на прес конференција на 3 октомври 2019 година.
Информацијата на Сител за плаќањето оштета за раскинатиот договор за Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ја коментираше и поранешниот премиер Никола Груевски, во чиј мандат беше потпишан договорот: