![Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla-777x437](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla-777x437.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Институтот за граѓански комуникации неодамна излезе со податок дека од анализирани 124 државни институции ова Министерство лани потрошило најмногу пари за јавни набавки, 39 милиони евра, а од друга страна било најмалку транспарентно во водењето на постапките.
Ако се разгледаат информациите на Бирото паѓа во очи и податокот дека во последниве два месеци министерството има донесено и преку 70 одлуки со кои се поништуваат веќе почнати јавни набавки, така што ако и овие биле завршени, ќе имало уште повеќе набавки.
Зголемената динамика на јавните набавки е воочлива, бидејќи порано Министерството за здравство правело значително помалку набавки, односно долги години централно набавувало Фондот за здравство, а потоа набавките беа префрлени на болниците, бидејќи беше решено дека здравствените установи најдобро знаат што им треба па и затоа треба тие да си набавуваат.