Министрите на ДУИ го игнорираат празникот 24-ти Мај

Министрите за надворешни работи Бујар Османи, за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, го игнорираат Денот на македонските и сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Министрите од редовите на ДУИ Османи, Бесими, Бектеши, Нуредини, не испратија честитка по повод празникот 24-ти Мај, ниту, пак, објавија статус на социјалните мрежи, на кои инаку се многу активни во слични прилики.

Честитка упати само спикерот Талат Џафери од свое име и од име на пратениците во македонското Собрание.

„Работата и делата на светите браќа Кирил и Методиј се сметаат за придонес од огромно значење за светската наука и култура. Нивните дела во кои е вложен многу труд, љубов и посветеност ја надминуваат рамката на време и простор и имаат вековна значајност. Писменоста, јазикот, знаењето, науката и вредноста на зборот се работи кои се од непроценлива вредност, како за еден народ така и за секоја индивидуа. Нивното наследство не се само нивните дела и работа туку и воспоставените вредностите според кои живееле и кои ги оставиле. Ви посакувам мудро и со почит кон нивниот лик и дело да го негувате тоа наследство“, порачува Џафери во честитката.