Министрите на ДУИ и формално ќе ги поднесат условените оставки на седница на Влада, за опозицијата потегот е политички маневар

Условените оставки на министрите од ДУИ денеска формално ќе бидат доставени до премиерот на владина седница потпишани поединечно од секој од петмината министри.

Оставките, како што се образложени, по автоматизам ќе се активираат веднаш штом бидат усвоени уставните измени, без нови одлуки од партијата, како што е наведено во писмото од партискиот лидер. По условените оставки од ДУИ велат дека ќе се повлечат и од премиер Албанец 100 дена пред избори само за да се донесат уставните измени.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за МИА исто така изјави дека би ја следел одлуката на министрите на ДУИ и би се повлекол и тој од функцијата доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.

Од СДСМ велат дека сега на потег е лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски да докаже дали е за продолжување на евроинтегративниот пат Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ пак не го го менува ставот, бара предвремени избори веднаш.