Министрите на ЕУ во Њујорк ќе разговараат за AUKUS

Министрите за надворешни работи на 27-те земји членки на Европската унија ќе одржат вонреден состанок во понеделникот вечерта во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, за да разговараат за импликациите од создавењето на тројниот воен сојуз меѓу САД, Велика Британија и Австралија.

„Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел ќе претседава со состанокот во Њујорк, кој ќе биде првата можност за разговор за последиците од овој договор по ЕУ и нејзините држави членки“, изјави портпаролот на Еропската комисија, Петер Стано.

САД, Велика Британија и Австралија ненајавено ноќта кон 16-ти септември објавија дека склучиле нов одбранбен сојуз со акронимот AUKUS. Поради пактот, Австралија го откажа договорот за набавка подморници од Франција во износ од 60-ина милијарди евра. Истовртемено Канбера објави дека склучила договор со Вашингтон и Лондон за набавка на нивни подморници на нуклеарен договор, наместо француските би требало да бидат конвенционален погон случен пред пет години.

Овој потег на Австралија го доведува сега во прашање продолжувањето на преговорите со Европската унија за трговскиот договор.

Францускиот министер за европски работи Клемен Боне изјави дека Франција ја загубила довербата во Австралија, како и дека продолжувањето на преговоритеѕ за трговскиот договор со оваа земја е „незамисливо“.

„Да се биде доследен до дадениот збор е предуслов за доверба меѓу демократиите и сојузниците. Незамисливо е продолжувањето на преговорите како ништо да не се случило со земја во којашто повеќе немаме доверба“, изјави во неделата Боне.

Последната рунда преговори меѓу ЕУ и Австралија беше одржана во јуни, а следната беше предвидена за октомври.

„Сега анализираме какви последици од склучувањето на пактот AUKUS може да има врз продолжување на преговорите со Австралија“, изјави еден од портпаролите на ЕК, Ерик Мамер.