Министрите за надворешни работи на Европската унија се согласија за план за ублажување на санкциите кон Сирија, изјави во понеделникот високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас.
„Нашата намера е да дејствуваме брзо, но укинувањето на санкциите може да се смени ако се преземат погрешни чекори“, предупреди Калас.
Во моментов се во сила серија санкции насочени кон поединци и економски сектори во Сирија, вклучувајќи забрана за извоз на сириска нафта и ограничувања за пристап до глобалните финансиски канали.
Членките на ЕУ почнаа да го преиспитуваат својот пристап кон Дамаск откако во декември бунтовничките сунитски сили предводени од поранешната џихадистичка Фронтот ан-Нусра сега исламистичка групација Хајат Тахрир ал-Шам (HTS) поддржани од Турција го соборија тогашниот сириски претседател Башар ал-Асад во декември.
Владите на ЕУ се обидуваат да помогнат да се започне закрепнувањето на Сирија. Сепак, многу членки, исто така, истакнаа дека ЕУ треба постепено да ги укинува санкциите и со акцент на реверзибилноста со цел да се задржи влијанието врз новите власти во Дамаск да ги почитуваат темелните човекови и правата на малцинствата, како и да спроведуваат инклузивни политики.