Министрите Тошковски и Мисајловски на терен: Пожарот во Неготино ставен под контрола

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и за одбрана Владо Мисајловски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов направија теренска посета на Неготинскиот регион зафатен со пожари, соопштија од Владата на РСМ.

Истакнаа дека на терен со заеднички сили на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, ЦУК, со поддршка на локалните самоуправи во тек е акција за справување со пожарите. Вклучени се и хеликоптерите за гасење на пожарите.

Влада на Република Северна Македонија

Ситуацијата засега е под контрола и акцијата за гасење на пожарите е во тек. Владата донесе одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија, посочија од Владата.

Се апелира кон внимателно однесување во потенцијалните жаришта поради енормно високите температури, потенцираа во соопштението.