Девет минофрлачки ракети биле пронајдени вчера во скопско Арачиново, информираше МВР.
Според полицијата, Џ.И., жител на селото вчера околу 14 часот пријавил во полицијата дека ги пронашол гранатите. Тие биле оставени во двор од напуштена куќа во селото. Увид на местото извршиле екипи од Одделот за недозволена трговија и антитероризам. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Засега нема детали за каков минофрлач станува збор, ниту дали гранатите се во исправна состојба.