-Инаку, тоа што беше предвидено во рамките на Буџетот за 2017 година обезбедуваше раст на бруто домашниот производ од 3 проценти. Во рамките на буџетот, покрај средствата кои беа планирани за исплата на плати, пензии и останати трошоци, имавме и сериозен износ кој што беше наменет за капитални инвестиции кои што несомнено влијаат позитивно на растот на Бруто домашниот производ, истакна Миноски.
Посочи дека Република Македонија треба да ја искористи ликвидноста која постои на домашниот пазар.
-Ние често пати бевме критикувани при секоја аукција која што ја имавме на домашниот пазар, но сметам дека направивме добра работа во делот на преструктруирање на долгот користејќи ја ликвидноста на домашниот пазар преку зголемување на рочноста и намалувањето на каматните стапки, смета поранешниот министер.
Според него, и понатаму треба да се искористи ликвидноста која постои на домашниот пазар.
-Да се искори тој потенцијал, зашто на тој начин позитивно се влијае на преструктруирање на долгот, вели Миновски.
Во врска со издавање на еврообврзница, тој посочи дека во актуелниот буџет тоа е предвидено, но некаде кон крајот на 2017 година.
-Во однос на издавањето на еврообврзница, согласно на актуелниот буџет за 2017 година, предвидено беше и задолжување преку издавање на Еврообврзница, меѓутоа, истото би се случило некаде можеби на крајот на 2017 година. Треба да се направи добра анализа, да се види каква е состојбата на меѓународните финансиски пазари, истакна Миноски.
Поранешниот министер предупреди треба да се води сметка за изјавите кои се даваат поврзани со висината на долгот, бидејќи како што рече, сите тие изјави дадени од релевантни лица влијаат на кредитниот рејтинг на Република Македонија.