– Намалувањето на стапката од 18 на пет отсто на ДДВ за пелети и печки на тој енергенс придонесува за зголемување на потрошувачката на тие два производа и е во насока на исполување на целите што сме ги зацртале како Влада, рече Миноски.
Покрај даночните олеснувања, тој ги посочи и мерките за субвенционирање на печки на пелети.
– Покрај намалувањето на загадувањето, печките на пелети имаат повисок степен на искористеност на ослободената енергија. Сметаме дека со овие мерки и со стимулациите во „Македонски шуми“ во насока на изградба на погони за преработка на дел од отпадот во пелети, ќе го заокружиме овој систем што ќе стимулира затоплување со пелети, рече Миноски.
Директорот на „Екопшар“ Јован Јовановски истакна дека намалувањето на ДДВ-то за нивните производи ја стимулира продажбата на нивните котли во Република Македонија, истовремено изразувајќи очекување дека воведувањето на субвенциите дополнително ќе ја зголеми побарувачката на пазарот за котли за загревање на пелети.
Мерките што ги планира Владата за стимулација на користењето на котли на пелети за греење во домаќинствата предвидува државата да учествува со 50 отсто од малопродажната цена на таквите еколошки котли за затоплување.