![kiril-minovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/kiril-minovski.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Нема да се промени старосната граница на вработените за заминување во пензија. Ова го истакна денеска министерот за финансии, Кирил Миноски одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека не се размислува и за промена на процентот на социјалните придонеси.
Според законските прописи во Република Македонија, во пензија се оди на 64 години за мажи и 62 години за жени.