Според Миновски, во просек во првите три квартали растот на БДП е 2,7 проценти и ако се анализираат параметрите ќе се види дека континуирано стапките на раст се движат некаде над 2,5 проценти.
Доколку имаме предвид дека ревидираната проекција изнесуваше 2,3 проценти на БДП доаѓаме до еден раст што се наоѓа над тие проекции и покрај објективните пречки што ги имавме. Не треба да го занемариме влијанието што го имаше политичката криза во РМ која трае речиси две години и која секако психолошки влијае врз инвестициите и врз потрошувачка и со тоа и врз растот на економијата, истакна Миноски, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во општина Аеродром.
Во првиот квартал економскиот раст изнесуваше 2,6 проценти, во вториот 3,1 и третиот 2,4 отсто, или кумулативно 2,7 отсто.