
Трендот на зголемувањето на јавниот долг е загрижувачки и алармантен, предупреди во понеделникот поранешниот министер за финансии Кирил Миновски, во вечерашната емисија на ТВ 24 „Тренд Анализа“.
Во истата емисија гостуваа и поранешниот министер за финансии исто така поранепшниот министер а сега универзитетски професор Никола Попоски и актуелниот советник во премиерскиот кабинет Фатмир Бетиќи каде се дискутираше за буџетот за 2019 година кој е историски најголемиот Буџет од 3,7 милијарди евра проектиран некогаш во Македонија.
Поранешниот министер за финансии од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Миновски, кажа дека Буџетот нема некои големи структурални промени и дека проектираниот раст на јавниот долг за наредните години е загрижувачки.
„Гледаме еден тренд на зголемување на јавниот долг кој што ќе продолжи и во наредниот период кој што мислам дека негде би стигнал и до 53 % што секако е веќе е загрижувачка појава. “ – кажа Миновски
Истакна дека во минатото истата Влада алармирала на јавен долг од 47 % додека сега во овој случај јавниот долг е проектиран на некој си 53 % што е значително повисок.