Најниски температури утрово се измерени во Берово – 5 степени, во Битола – 3, во Демир Капија – 2 и – 1 степен во Кавадарци, Прилеп и Куманово.
Во Штип, Маврово, Крива Паланка, Скопје и Дебар се измерени 0 степени, во Охрид еден, во Претор и во Гевгелија два степени, во Лазарополе и Виница четири, на мерната станица во Пожаране пет, во Дојран шест и во Крушево седум степени.
Времето утрово е ведро, студено и тивко. Во Демир Капија и дел од Скопската котлина има појава на утринска магла.