Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, денеска на прес-конференција, ќе ги објави резултатите од спроведените истражувања- Анкета на задоволство на граѓаните и Таен клиент во одредени државни институции, во согласност со методологијата „Барометар на квалитет на институции“.
Станува збор за стандардизирано мерење на квалитетот и општата функција на институциите кои се опфатени и врз основа на мерењето, оценување на институциите и нивно рангирање.
Се мерат и оценуваат фактори во поглед на испораката на услуги кон граѓаните.
Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.