Можноста за повлекување на предлог законот заради усогласување беше најавена уште на самите состаноци со медиумите и оттука, министерството најостро ги демантира сите шпекулации во однос на причините за повлекување на законот и информира дека единствена причина е потребата за доработка на текстот на законот согласно добиените предлози и забелешки, велат од Министерството за информатичко општетство и администрација.
Интегрален текст од соопштението:
Министерството за информатичко општество и администрација, во насока на исполнување на барањето на Европската Комисија во однос на владиното рекламирање, утврдено во листата на Итни реформски приоритети од Јуни 2015 година, изготви Предлог закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. Законот има за цел да одговори на приоритетот за “воспоставување на строги правила за владино рекламирање засновани на транспарентни, објективни и недискриминациски критериуми”, како и „за обезбедување на целосна транспарентност на владиното рекламирање, не само во однос на трошењето на јавните финансии, туку и во однос на примателите и содржините”.
Со оглед на фактот што во текот на изминатиот месец, во процесот на консултации со над 100 медиумски куќи и асоцијации, министерството презема обврска да ги разгледа добиените предлози и сугестии и да ги прифати оние кои ќе овозможат подобрување на текстот на законот, Владата на Република Македонија на предлог на министерството, во текот на вчерашниот ден го повлече текстот на законот од Собраниска процедура. Можноста за повлекување на предлог законот заради усогласување беше најавена уште на самите состаноци со медиумите и оттука, министерството најостро ги демантира сите шпекулации во однос на причините за повлекување на законот и информира дека единствена причина е потребата за доработка на текстот на законот согласно добиените предлози и забелешки.
Очекуваме дека во следниот период сите засегнати страни со одговорно и конструктивно однесување ќе овозможат да се реализира исполнувањето на еден од итните реформски приоритети и ќе дадат свој придонес во изнаоѓање на долгорочно системско решение за ова прашање.