Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски влезе во сезоната по тешка повреда која го оддалечи од терените неколку месеци. Сепак, нашиот фудбалер се избори за брзо враќање и покажа дека е подготвен да продолжи онаму каде што застана минатата сезона.
Во разговор за спортскиот портал Gol.mk, Миовски се осврна на повредата, голот против великанот Селтик, а зборуваше и за следните предизвици.
„Пред сè ова лето беше многу тешко за мене, се повредив на крајот на сезоната и бев со чизма на мојата лева нога скоро месец дена. Цел мој одмор беше насочен на мојата повреда, за што подобро и побрзо да се рехабилитирам и како што гледате на најдобар можен начин се вратив. За ова секако е заслужни медицинскиот тим во Абердин кој ми помогна многу во тој период.
Нормално дека сум среќен што постигнав гол против Селтик. Тие се шампиони во Шкотска долго време и голем клуб. Штета е што на крајот загубивме, ама одигравме одлично прво полувреме кое ветува многу за во иднина“ изјави Миовски.