Абердин е првиот патник во финалето на шкотскиот Лига Куп, откако популарниот Донс денеска успеаја да направат изненадување во натпреварот кој го завршија со играч помалку.
Поради важноста на натпреварите во оваа фаза од турнирот, истите се играат на неутрален терен на „Хампден парк“, а Бојан Миовски долго ќе се сеќава на атмосферата која ја имаше денеска на овој стадион и еуфоријата која ја предизвика кај навивачите на Абердин.
Македонскиот репрезентативец беше херој за својот тим и одново покажа дека има неверојатно чувство за гол, но овојпат покажа и неверојатна истрајност во најавата за погодокот.
Миовски претрча 80 метри и максимално претпазливо ја испрати контрата на својот тим, која потоа ја круниса со мирна и прецизна завршница за предност во 78-та минута.
Голот на Абердин пристигна три минути по исклучувањето на МекКензи, по што Бојан и соиграчите очекувано се бранеа до крајот, а најважно е што успеаја во својата намера и се пласираа во големото финале. Противникот за тој меч ќе го дознаат утре, а тоа ќе биде подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Хартс и Ренџерс.
https://twitter.com/ViaplaySportsUK/status/1720877881562218525?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1720877881562218525%7Ctwgr%5Ecdb2d431daab6a9196c75ced795d3304a656f5f0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fgol-koj-vechno-kje-go-pameti-miovski-pretrcha-80-metri-i-go-odnese-aberdin-vo-kup-finale-video%2F