Италијанскиот спортски новинар Џанлука Ди Марсио, кој меѓу првите ги има информациите за големите трансфери во европскиот и светскиот фудбал, го најави трансферот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во Жирона и откри зошто напаѓачот се решил за трансфер во Шпанија.
Целиот трансфер треба да биде официјализиран во наредните денови.
Според новинарот, Миовски сакал да настапува во Лигата на шампионите, а Абердин ќе добие нешто повеќе од осум милиони евра.
Жирона бара напаѓач кој ќе го замени најдобриот стрелец минатата сезона во Примера, Артем Довбик, откако Украинецот пред две седмици се пресели во Рома за 38 милиони евра.
Македонскиот напаѓач имаше две одлични сезони во Шкотска, каде постигна по 16 голови во една натпреварувачка година. Во Абердин дојде од МТК Будимпешта, а претходно играше за Ренова, Македонија ЃП, Работнички и Брегалница.