Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски им се врати на головите во првата лига на Шкотска, односно со своите погодоци овозможи убедлива победа на Абердин на денешната пресметка против Килмарнок.
Домаќините важеа за фаворити на хартија, статус кој го потврдија со славје од 4-1 во кое Македонецот беше автор на два погодоци. Миовски во 24 минута беше сигурен реализатор на најстрогата казна, а во 45 минута се најде на вистинското место и во тој момент зголеми на 3-1.
По вториот дел Абердин погоди уште еднаш за 4 триумф во 8. коло со што со 13 бода е на 5. место на табелата.
Бојан пак со 7 гола е на второто место на листата на стрелци зад Чолак од Ренџерс (8).