Мирјана Лазарова Трајковска е кандидатка за судија во Меѓународниот кривичен суд

Судскиот совет даде поддршка на Мирјана Лазарова Трајковска за нејзина номинација како кандидат за судија во Меѓународниот кривичен суд.

Барањето, како што информира Судскиот совет, било разгледано денеска на итна седница.

„Разгледано е барањето за номинација на кандидат за судија во Меѓународен кривичен суд и дадена е поддршка на номинацијата за Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија“, се вели во информацијата објавен на веб страницата на Судски совет.

На денешната итна 434-та седница, било расправано по доставени дописи од Врховниот суд на Македонија и одлучено е да не се доставуваат списи по предметите до Врховниот суд.