
Миранда Кер во јога издание. Познатата манекенка на Инстаграм објави фотографија од плажа на која е во јога поза. Манекенката на себе носи само горен дел од бикини костим за капење и проѕирни пантолони.
Оваа идилична фотографија ги воодушеви сите нејзини обожаватели и така, барем малку се искупи за фотографијата со која што ги шокира сите, а на која ги рекламираше патиките, така што легна на грб, ги крена нозете и одвај успеа да го покрие наизглед голиот задник.
Инаку Миранда важи за голем поборник за јогата и здравиот начин на живот.
