Германскиот бундеслигаш Хамбург му врачи отказ на тренерот Мирко Сломка, а како причина се наведени лошите резултати на стартот од новата сезона.
Хамбургер се наоѓа на последното место на табелата со само еден освоен бод. Раководството на клуботи се одлучи на овој потег по поразот во минатото коло од Хановер со 2:0.
Сломка екипата ја превзема во февруари и успеа да го спаси тимот од испаѓање, а во текот на кариерата неколку пати ги предводеше тимовите на Хановер и Шалке.
Неговата замена би можел да биде поранешниот тренер на Мајнц Томас Туел.