Големиот борец веќе извесно време настапува повреден за својот клуб, пред извесно време паузираше десетина дена, за денеска повторно да му биде препорачано извесен период да паузира.
Вецлар, кој се наоѓа во серија од пет победи во германскиот шампионат, следниот викенд го игра големото дерби против Некар Левен, меч што Миркуловски скоро сигурно ќе го пропушти. Покрај тоа, се најавува и дека бекот најверојатно нема да може да настапи за македонската репрезентација на претстојниот турнир во Хрватска, закажан за почетокот на ноември.
Филип е апсолутен тимски играч кој се стави на располагање на стручниот штаб без оглед на повредата што го мачеше во претходните седмици. Сепак, многу сме загрижени поради неговата повреда и решивме тој да одмори во следниот период. Се уште не се знае колкава ќе биде паузата, се надеваме дека Миркуловски брзо ќе се рехабилитира, изјави тренерот на Вецлар, Каи Вандшнајдер.