9.8 C
Skopje
сабота, октомври 26, 2024

Мирослав Грчев од Владата и од Министерството за култура добил 17 илјади евра за 2,5 години

miroslav grcev intervju

Мирослав Грчев, архитект и советник во Министерството за култура, но и на премиерот Зоран Заев, во периодот од април 2017 до октомври 2019 година, односно за две и поло години од Министерството за култура и од Владата добил исплати на вкупна сума од 17 илјади евра, покажува документот што го објави Фактор.

Исплатите почнале од 12 април 2017 година, кога нему во истиот ден му биле извршени исплати од 12 и 20 илјади денари, а потоа продолжуваат во текот на наредниот период.

Сумите се движат меѓу 10 илјади и 40 илјади денари по исплата. Обично исплатите се два пати месечно, кога се поголеми, а доколку се помали износите, регистрирани се исплати во повеќе наврати во текот на еден месец.