Мирослав Клосе добитник на Претседалската награда на УЕФА

Легендарниот германски напаѓач Мирослав Клосе (45) е овогодишен добитник на Претседателската награда која УЕФА од 1998 година ја доделува на поранешни фудбалски великани.

„Влијанието на Клосе далеку ги надминуваше границите на официјалниот записник, со два случаи на извонреден ферплеј кои ја окарактеризираа неговата вонсериска класа и спортски дух“, соопшти УЕФА.

Клосе кариерата ја почна во Хомбург 08, по што настапуваше за Кајзерслаутерн, Вердер, Баерн и Лацио.

Во текот на кариерата беше познат по својот ферплеј, а два случаи посебно се истакнуваат.

Во дресот на Вердер во 2005 година му призна на судијата дека погрешил кога досуди пенал во корист на неговата екипа, а седум години подоцна на дербито меѓу Наполи и Лацио, откако постигна гол за римскиот клуб, му призна на судијата дека претходно играл со рака.

Наградата на Клосе ќе му биде врачена на 31 август во Монако.