Мирот никогаш не бил поблиску, воената ситуација никогаш не била толку опасна, изјави Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска, во врска со војната во Украина, дека „никогаш не сме биле толку блиску до мир, а воената ситуација никогаш не била толку опасна“.

„Се наоѓаме во многу тешка и чудна ситуација“, изјави Орбан за унгарското државно радио, пренесе агенцијата МТИ.

Тој наведе дека во двата неодамнешни извештаи за настаните во војната во Украина била нагласена одговорноста на европските политичари.