Светските лидери вчера истакнаа дека руската инвазија врз Украина е најголемата интернационална криза по Студената војна.
По вчерашните ескалации, кои САД ги оцени како „неверојатен акт на агресија“ од страна на Москва, пристигнаа и предупредувања дека мирот во Европа е загрозен.
Поставувањето на руската војска на Крим украинскиот министер Арсениј Јацењук го смета за објавување војна од страна на Русија.
Поради тоа Украина побара помош од НАТО.
Барак Обама го повика Владимир Путин да ја повлече војската, но тој му одговри дека има право да ги заштите своите граѓани во источна Украина.
Американскиот државен секретар Џон Кери го обвини Путин дека ги враќа меѓународните односи назад во 19 век, додавајќи дека тој ја злоупотребува својота моќ во Крим. Ноќеска, односите меѓу Русија и НАТО биле на тенок мраз, како што појаснува Кери, тие побарале од Русите да ја смират тензијата во Украина.
„НАТО ќе продолжи да ја обезбедува Украина, нејзиниот суверенитет, независнот и територијален интегритет“, истакнал генералниот секретар, Андрес Фог Расмусен, кој потенцирал дека Русија се заканува на мирот и безбедноста во Европа.
Кризата ескалираше во моментот кога руските војници пристигнаа на полуостровот Крим во Црното море, кој бил дел од Русија до 1950-тите.
Еден голем проблем во целата украинска криза е тоа што Москва одбива да ја признае новата Влада на Украина, откако со силни протести беше симната власта на Виктор Јанукович, познат како руски симпатизер.
Откако Путин нареди војската да го завземе Крим, западните држави, почнувајќи од САД и Канада се заканија во бојкот на самиот Г-8 кој треба да се одржи овој јуни во Сочи. Кери вели дека со ова однесување на Путин, како во 19 век и поставување војски на туѓи територии, тој само ќе ги изгуби земјите огд Г-8 и ќе го зголеми гневот на Америка. Америка веќе и се закани на Русија со масивно иселување на капиталот на руските олигарси како Абрамовиќ и Усманов.
Украинскиот амбасадор во ОН, Јури Сергејев, истакна дека неговата земја побарала помош од запад бидејќи бројот на руски војници на Крим се зголемува секој час. Според него, Украина е на работ на катастрофа.
Според експертите, економската војна меѓу Европската Унија, САД и Русија и Кина која би се приклучила подоцна, е закана за глобализација.
Експретите велат дека ситуацијата во Украина е моментот кога ќе се дефинираат руско-американските односи, а тоа е многу сериозно и опасно, не само за Украина, Европа, туку и за целиот свет.