Решение на украинскиот конфликт може да се очекува доколку мирољубивите сили победат на изборите за Европскиот парламент и на изборите во САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако гласаше на изборите за Европскиот парламент.
На прашањето кога може да се очекува мир во Украина, Орбан рече: „Тоа може да се постигне во два чекори“. Тој објасни дека главна тема на тековните избори за Европскиот парламент во сите земји од ЕУ е прашањето за војна и мир. Во ноември, потсети премиерот, ќе се одржат претседателските избори во САД. „Ова е втор чекор“, истакна Орбон. Тој нагласи дека ако на изборите во Европа и САД „победат мирољубиви луѓе“, тогаш може да се воспостави мир во Украина.
Сега наша прва задача е да победиме на изборите за Европскиот парламент“, рече шефот на владата. Тој додаде дека внимателно ги следел предизборните кампањи во Франција, Германија, Италија и другите земји од ЕУ и вели дека прашањето за војна и мир „сега е паневропско прашање“.
„Затоа, можно е изборната кампања во европските земји да се толкува како кампања за прашањето за војна и мир“, додаде премиерот.
Западот сака воено да ја победи Русија за да добие пристап до нејзиното богатство
Западните земји сакаат да ѝ нанесат воен пораз на Русија за да добијат пристап до нејзиното национално богатство, како што се обидоа да сторат во 1990-тите, изјави Орбан во интервју за HirTV.
„Западните лидери, кои се на воениот пат, сакаат воено да ја поразат Русија. Нивниот план е едноставен, бидејќи се работи за парите, кои им даваат моќ“, рече тој, на прашањето зошто Западот е решен да има воена победа над Русија во Украина.
Орбан потсети на периодот од 1990-тите, кога „Европејците беа добредојдени во Русија и успеаја да се инфилтрираат во руската економија, не наидувајќи на никаков отпор“. Според него, Западот се обидел да ја искористи Русија во тој период, но „Русите на крајот ги презеле сите работи во свои раце и се трансформирале како што им одговарало“.
Многу западни чинители се носталгични за овие времиња, сонуваат за „уште една голема перестројка на Исток“ и се надеваат дека конфликтот во Украина ќе им понуди можности во овој поглед, објасни Орбан.
Тој рече дека разни „продавачи на оружје и коцкари на берзата“ веќе се обидуваат да заработат од конфликтот.