Неколкумина членови на Мировната мисија на Обединетите нации во Мали денеска загина при експлозија на бомба во градот Кидал, изјави портпаролот на Мисијара, Фред Фат додавајќи дека во инцидентот се случил утрово, покрај загинатите има и неколкумина повредени.
Автомобилот бомба експлодира пред влез на банка, која е обезбедувана од припадници на ОН. Првично загинати се двајца војници од Канада
Кидал се наоѓа на 1.600 километри североисточно од главниот град на Мали, Бамако.
Шефот на мировните операции на Обединетите нации, Ерве Ладсу претходно соопшти дека во 2013 година загинале 90 мировници, што е најмал број на жртви во изминатите пет години.
Во 65-годишната историја на мировните операции на ОН загинале 3.172 мировници на ОН, од кои приближно 2.200 од нив починале во несреќни случаи или од болест.