Мировниот предлог на Трамп за Украина диктира и рок на прием на земјата во ЕУ

Украина треба да се приклучи на Европската Унија до 1 јануари 2027 година, се наведува во мировниот предлог што се разгледува како дел од преговорите за завршување на војната меѓу Русија и Украина, со посредство на САД, објави денеска Фајненшл тајмс.

Предлогот е договорен меѓу американски и украински претставници, со поддршка на Брисел, соопшти ФТ, повикувајќи се на извори информирани за содржината на преговарачките документи.

Овој брз временски рок, и покрај тоа што Украина формално не завршила ниту една од 36-те фази од пристапувањето кон ЕУ, би го поништил претходниот услов за пристапување во ЕУ „базирано на заслуги“ и би го принудил Брисел да го преиспита целиот процес, додадоа изворите.

Украина аплицираше за членство во ЕУ кратко откако Русија ја нападна земјата во февруари 2022 година, а четири месеци подоцна доби формален статус на земја кандидат.

Поврзани вести