Ерменија ги смета Соединетите држави и Европската унија за свои главни партнери, но тоа не значи пресврт во надворешната поилитика на Еревен и засега нема намера земјата да стане членка на НАТО, изјави во неделата ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан.
„Ние сме демократија и сакаме да ги зајакнеме демократските институции. Гледаме дека, на промер, САД и ЕУ се главните партнери…. Сега ги продлабочуваме економските и политички односи со Брисел и Вашингтон“, вели шефот на ерменската дипломатија за телевизијата TN.
Сепак, додава Мирзојан, тоа не може да се нарече „пресврт“ во надворешната политика на Ерменија, бидејќи поранешната советска република има повеќевековни блиски односи со Русија. Според него, сега Ереван се обидува да си осигури безбедност и развој а на Западнот „има добр партнери“.
Ерменија нема намера да влезе во НАТО, земјата веќе има соработка со организацијата, рече министерот за надворешни работи Арарат Мирзојан.
„Ние веќе имаме соработка со НАТО, учествуваме во мировните операции во Авганистан, го зголемивме нашето присуство во Косово, ова е форма на соработка“, рече тој во интервјуто. „Ако зборуваме за намерата за влез во НАТО, тогаш не. Денес ова прашање не е на агендата на Ерменија“, додаде министерот.
Мирзојан нагласи и дека прашањето за влез на Ерменија во НАТО не е на дневен ред.
„Учествуваме во мировните операции во Авганистан, го зголемивме присуството во Косово, ова е форма на соработка“, објасни министерот за надворешни работи.
Неодамна, Ерменија во којашто расте влијанието на бројната и моќна дијсапора во западноевропските земји и САД го супсендира своето учество во организациите н земјите од поранешниот СССР. Така, во октомври минатата година премиерот Никол Пашинјан не присуствиваше на меѓувладините совети на ЕАЕУ и ЗНД во Бишкек, а потоа не се појави на самитот на ЗНД. Во ноември одби да учествува на самитот на ОДКБ во Минск.
Покрај тоа, ПАшинјан кон средината на февруари најави и суспендирање на членството во ова воениот блок на поранешните советски републики. Според неговото мислење, Договорот за колективна безбедност во однос на земјата наводно не бил спроведен, „особено во 2021/2022 година“. Во март годинава, Пашинјан рече дека Ерманија може да ја напушти организацијата доколку таа не одговори на прашањата поставени од Ереван во врска со суверената територија на земјата.
Ерменија е руски сојузник и членка на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ/CSTO), регионален одбранбен блок. Таа е една од неколкуте земји од јужниот кавкаски регион кои на својата територај имаат руската воена база.
Сепак, владата на премиерот Никол Пашинјан со години се дистанцира од Москва. Тој тврди дека ОДКБ не успеала да ја заштити Ерменија во 2022 година, поради смртоносните гранични судири со нејзиниот сосед и ривал, Азербејџан. Организацијата избра да не распоредува војници во борбата против Азербејџан кога тоа го побара Ереван, наместо тоа да го олесни примирјето и да постави набљудувачи долж границата.
Ланскиот септември, владата на Пашинјан претрпе политички удар кога Азербејџан ја презеде целосната контрола врз Нагорно-Карабах, претежно етнички ерменски регион во земјата, кој постоеше како непризнаена отцепена република од 1990-те. Преземањето практично без противење резултираше со прилив на бегалци во Ерменија, како и масовни протести против премиерот, кој ги отфрли повиците за негова оставка.
Русија рече дека не била во позиција да интервенира во Нагорно-Карабах, бидејќи самиот Пашинјан го признал суверенитетот на Баку над територијата, вклучително и кога го потпиша примирјето со Азербејџан минатата година.