12.8 C
Skopje
среда, мај 8, 2024

Мисајлоски: Гази Баба цврсто посакува обнова на Македонија!

Носителот на Изборната единица 2, Владо Мисајловски вечерва беше во посета на Гази Баба каде пред граѓаните ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја донесе Обновата во земјава по 15 јули.

-Вака изгледа победничка Гази Баба!
Вечерва бев присутен на еден од најубавите собири во оваа изборна кампања. На овој преубав настан присуствуваа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија проф. Христијан Мицкоски, кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски и коалиционите партнери. Се обративме пред овие прекрасни луѓе и ја почувствувавме енергијата која ја има во Гази Баба. После ваков настан и ваква еуфорија, можам само да заклучам дека победата е неизбежна!
Уште само неколку дена до денот кога македонскиот народ ќе ги испрати СДСМ и Заев во историјата.
Гази Баба цврсто посакува #ОбноваНаМакедонија!
На 15-ти јули победува ВМРО-ДПМНЕ,
победува Република Македонија! 🇲🇰
Обновата доаѓа!
#ИсправиСеМакедонијо #ОдбериОбнова, стои во неговиот пост на Фејсбук.