Со голема чест и одговорност започнувам со новата функција министер за одбрана на Македонија. Чест ми е што во наредниот период ќе раководам со Министерството за одбрана. Уште поголема е обврската. Особено обврската кон вработените во Министерството за одбрана и активниот воен и цивилен персонал во служба на Армијата. Херои кои се грижат за нашата безбедност и безбедноста на државата, пишува Владо Мисајловски на Фејсбук.
„Почитувани граѓани на Македонија, ви ветувам дека ќе работам со најголема посветеност и одговорност за да ја заштитам нашата татковина и да ги унапредам нашите одбранбени капацитети. Ќе работиме транспарентно, одговорно и посветено за да ги оствариме нашите цели и задачи. Ќе продолжиме со модернизацијата на нашите вооружени сили, ќе го зајакнеме нашето партнерство со сојузниците и ќе обезбедиме за нашите војници да имаат сѐ што им е потребно за да ги извршуваат своите задачи.
Безбедноста и доброто на нашата држава се на прво место, и заедно ќе изградиме иднина полна со мир и стабилност.
Благодарам на сите за вашата поддршка и доверба!
Да живее Армијата на Македонија!
Да живее Македонија!“