На одбележувањето на ваков голем празник, силно врежан во македонската историја, од некои луѓе кои денеска најлицемерно положуваат цвеќе и се поклонуваат пред спомениците треба силно и жестоко да се реагира, пишува Елена Доцевска Божиновска.
-Но, предците наши вградени во слободата која ја живееме денеска, коските нивни оставени за државата, заслужиле вистинско искрено одбележување на Денот, не препирки, не расправии…
…но заслужиле и пренесување, учење и негување на вистински историски факти, никако не нивно “ублажување”, менување или заборавање во име на што и да е.
Историјата тоа сме ние!
Жрвите дадени тоа сме ние!
Крвта пролеана тоа сме ние!
Нека е честит 11 Октомври, да сме достојни години да го споменуваме и одбележуваме споменот на сите учесници во антифашистичкото и народноослободителното востание, нагласува Доцевска Божиновска.