
Делегација од ВМРО-ДПМНЕ, составена од потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николоски и членот на ИК Ели Панова, во дворот на храмот Св. Спас во Скопје положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот великан и еден од симболите на македонската револуционерна борба за ослободување Гоце Делчев.
-Гоце е Македонија!!! Вечна слава на македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Апостол и срцето на револуционерна Македонија!, напиша Мисајловски на Фејсбук.