Мисајловски: Граѓаните знаат дека политиките на СДСМ се противуставни и штетни

Ние во принцип сме ги кажале секогаш нашите ставови и нашите ставови се познати и ние не може да секој ден да менуваме принципи. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и тоа што ќе го каже во минатото мора да остане и сега, вие знаете дека ние бевме против сите штетни последици од договорот, но и применување на сите уставни категории во Република Македонија и сите институции што се променија, ова денеска во вестите на МТВ го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Ние остануваме посветени кон НАТО и ЕУ и со разум и сите мора да седнат со ВМРО-ДПМНЕ на маса за секој оној закон за да биде прифатлив и заедно да го наоѓаме решението. Повторно ќе повторам ние сме против Преспанскиот договор и против оние последици кои произлегоа од тој договор и затоа принципите на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат сите тие што секогаш ги кажуваме во изминатите години, рече Мисајловски.

Рече и дека граѓаните знаат дека се ова што се случува во Република Македонија е против уставно и штетно, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане браникот на националните интереси.